
Организирани банди од кумановските погранични села ги тепаат и ограбуваат бегалците кои одат кон Србија. Тие не се сами. Имаат разработена шема со дел од мигрантите, најчесто Авганистанци. Кога ќе го поминат железничкиот премин Табановце, некаде во меѓу граничниот простор, на сцена стапуваат токму овие луѓе, кои наместо кон Србија, дел од мигрантите ги насочуваат кон околните села. Таму се пречекани од локалните банди кои ги ограбуваат и тепаат – ова за ТВ Алфа го тврдат претставници од повеќе здруженија кои им помагаат на мигрантите низ земјава. Велат дека често се случува во вечерните часови, тепани, повредени ограбени луѓе да се вратат на Табановце и да побараат лекарска помош.
Екипата на АЛФА уште пред 10тина дена регистрираше обид на Авганистанци да излажат мигранти да одат во погрешен правец, но во тоа беше спречен од активист на УНХЦР. Полицијата веќе поднесе кривични пријави против неколку лица од Кумановско кои ограбувале мигранти. Инаку и денеска на Табановце сликата беше веќе вообичаена. Бегалците пристигнуваат, кратко се задржуваат и продолжуваат кон Србија. Од МРВ информираат дека во последните 24 биле издадени биле 1032 потврди на бегалци кои транзитираат низ земјава – објави Алфа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


