| четврток, 6 декември 2018 |

Еротско мени: Како да го зачините сексуалниот живот

seks-12-450x332
Со текот на времето, и најдобриот секс може да стане монотон. Наместо да го замените партнерот со некој нов модел, испробајте ги овие опции од специјалното еротско „мени“.

Вештината на толкување на сексуалните сигнали што ги разменувате со партнерот е одличен начин за јакнење на врската во постелата. Се разбира, дури кога ќе се здобиете со сексуална доверба, ќе почувствувате слобода да експериментирате во сексот и да ги исполните своите најскриени фантазии.

Кога ќе посакате да водите љубов, обидете се да го протолкувате говорот на телото на вашиот партнер. Во највоочливите знаци за подготвеност за секс спаѓаат директниот контакт со очите, проширените зеници и отвореност на телото спрема вас. Но, ако не сте сигурни дека сака секс, направете неколку брзи и тактични потези. Прегрнете го, потпирајќи се на него со целото тело, или бакнувајте го со малку подотворени усни, значително задржувајќи се на секој бакнеш неколку секунди подолго од вообичаеното. Ако веднаш одговори на поканата – бинго! Вашиот сакан е подготвен за акција! Но, ако на неговите гради забележите невидлив штит, или пак ако ви возврати на бакнеж со стегнати усни, тогаш ќе мора уште малку да се потрудите. Возбудете го со еротска масажа или со стиптиз само за неговите очи. Мажите се неверојатно визуелни суштества.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top