| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед: Го изневерувам сопругот со 19-годишен и не се чувствувам виновна

seks
Една жена одлучила да проговори за причините поради кои се впуштила во афера со помлад маж.
Речиси една деценија живее со сопруг кој не ја забележува, па влегла во тајна врска со 19-годишен маж. Сепак, таа не се чувствува лошо поради својата одлука, а за нејзините причини пишува Huffington Post.

„Два пати неделно го имам најдобриот секс во мојот живот со згоден 19-годишник. Џејк, човекот за кој сум омажена веќе 10 години, нема поим за тоа и јас не планирам да му кажам.

Џејк и јас долго време немаме секс. Дури и кога се запознавме на 19 години, бевме во врска на далечина додека не завршивме колеџ. Во суштина, никогаш сме немале секс доволно често колку што сакавме. Но, успеав да се убедам себе си дека ако живееме поблиску, ќе имаме поредовен секс.

До моментот кога се венчавме, спиевме само еднаш во два или три месеци, и тоа кога јас инсистирав на тоа. Плачев секој пат кога ќе го прашав дали постои нешто што можам да направам поразлично или можеби има некоја неисполнета фантазија, па да го инспирирам.

Имав потреба и на крајот дојде до точка на пукање. Сè за што размислував беше поврзано со секс. Замислував секс со непознатото момче кое стои во ред пред мене во продавница, со момчето кое ради на бензинска итн. Се прашував што не е во ред со мене. Откако поминав поголем дел од една деценија со човек кој не беше заинтересиран за секс, потребата стануваше сè поголема.
Еднаш дури му реков дека не знам дали сум во состојба да останам во брак без секс, а тој таа моја реченица целосно ја занемари. Ми рече дека ќе размисли за тоа и ја промени темата. Чувствував како да не ме сфаќа сериозно.

На крајот го натерав да појде на лекар и да се провери, а лекарот рече дека Џејк има ниско ниво на тестостерон, па поради тоа нема сексуална желба. Тогаш, одлучив дека едноставно не можам повеќе. Не сакав врска за една ноќ, туку нов маж во својот живот со кој ќе имам редовен секс.

Одеднаш, се појави тој. Младо момче вработено во мојата фирма, беше слободен кога мојот сопруг не беше дома. Беше совршен. Започнав врска со него. Јас го изневерувам мојот сопруг. Просто и едноставно. Се чувствував ужасно поради тоа некое време. Првите две недели бев премногу вознемирена.

Сексот со неискусен 19-годишник беше чуден во почетокот, но стануваше сè подобар. Во кревет, тој е сè она што мојот сопруг не е – воодушевен е, го привлекувам, страствен е. Исто така, тој сака да разговараме за тоа како следниот пат да биде уште подобро. И најдоброто од се` е тоа што јас не мора да го молам за да имаме секс.
Во овој момент, јас едвај се чувствувам виновна. Исцрпена сум за секоја комуникација со Џејк. За прв пат, моите потреби се исполнети и се чувствувам моќно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top