| четврток, 6 декември 2018 |

Иџе ја одбрани титулата европски првак

idze

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја одбрани титулата европски шампион на ридски патеки во категорија Н, откако денеска во Словенија, на патеката во Илирска Бистрица, неговиот главен конкурент за врвот Лукас Војачек (Чешка) не ја заврши трката.

Чехот излета и на тој начин Иџе стана недостижен на првото место во Гереналниот пласман.

Пред оваа трка на Стефановски му беше потребен само бод, односно било каков пласман, бидејќи имаше 215 бода, а Војачек 181 бод.

Последната трка ќе се вози на патеката Бузет во Хрватска каде Иџе ќе го добие трофејот. Македонецот е првиот возач кој по пауза од девет години ја одбранил титулата во оваа категорија. зс/14:15

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top