Страшен, но вистинит факт е дека не морате да имате сексуални односи за да добиете некоја полово пренослива болест. Херпесот е често првата инфекција на која луѓето прво помислуваат при спомнувањето на полово преносливите болести.
Гинекологот Алиса Дек од Њујорк и авторка на книгата “V is for Vagina” открива каде се се кријат вирусите од кои треба да се бегате.
ХПВ
Иако последниве години се повеќе се пишува и зборува за ХПВ, многумина и понатаму не знаат дека овој вирус може да се пренесе и без секс.
“ХПВ се пренесува преку кожата, без разлика дали некој ќе ја допре брадавицата или подрачјето кое ја опкружува”, вели Дек.
ХПВ доаѓа во различни облици, од кои некои можат да предизвикуваат генитални брадавици, додека другите можат да предизвкуваат канцер. Дури и не мора да биде во облик на брадавици за да можете да се заразите, бидејќи вирусот може да се шири и пред да се прошири по телото.
“Брадавиците понекогаш се јавуваат и на другите делови на телото, како што се прстите”, напоменува Дек. Иако, брадавиците можат да се отстранат, на пример со замрзнување или сечење, вирусот и понатаму може да остане во организмот и повремено да се активитивира.
Трихомонијаза
Оваа болест не е многу позната, но вирусот може да преживее и на нежив објект прилично долго откако го допрел некој заразен. Може да се појави во облик на вагинална инфекција, со исцедок со непријатен мирис, проследен со чешање и иритација.
“Може да се пренесе и од работи како што е валкан пешкир”, вели Дек.
Иако нема точна информации колку долго може да преживее вирусот, Дек објаснува е малку веројатно да се заразите со допирање на предмети неколку недели откако го допирала личност со трихомонијаза. За среќа, лесно може да се излечи со антибиотик.
Херпес
Ова е често првата инфекција на која помислуваат сите при споменувањето на полово преносливите болести. Затоа е прилично алармантно откритието дека може да се пренесе на некои прилично недолжни начини.
“Херпесот може да се пренесе со бакнеж или делење на жилет и неизмиени садови, иако тука е прилично мал ризикот”, тврди Дек.
Сепак постојат два вида на херпес ХСВ-1 и ХСВ-2, гинеколозите не прават голема разлика помеѓу нив. Некогаш ХСВ-1 се сметал за орален, а ХСВ-2 за генитален тип, но денес таа разлика е помалку важна од порано.
“Освен фактот дека тип 1 обично не се враќа, додека тип 2 често се повторува, двата типа можат да се појават каде било на телото”, напомнува Дек.
И иако херпесот може да биде асимптоматски, раничка околу устата е сигурен знак на оваа инфекција, додека раничка на половиот орган само може да укажува на херпес. И додека лекарите знаат како да ги излечат симптомите, сепак не постои лек и против самиот вирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст