| четврток, 6 декември 2018 |

Фабиус: Скандалозен став на некои земји кон бегалците

фабиус

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус изјави денеска дека е скандалозен ставот на еден број источноевропски земји кон кризата со бегалците, со која се соочува Европската унија.

– Кога гледам одреден број европски земји, особено на исток, кои не прифаќаат квоти, сметам дека тоа е скандалозно, рече Фабиус.

Тој посебно укажа на оградата од жица долж Унгарија на границата со Србија, која треба да го спречи влегувањето на бегалците.

– Стопирањето на бегалците, тоа е непочитување кон европските заеднички вредности, нагласи Фабиус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top