| четврток, 6 декември 2018 |

„Гардијан“: Сириските бегалци испробуваат нова маршрута до Европа – преку Северниот поларен круг

мигра
Бегалците се обидуваат да стигнат до Европа преку Средоземното Море, преку грчките острови, преку Балканот, но сега тие откриле нова маршрута, Северниот поларен круг, пишува британскиот весник „Гардијан“.Десетици Сиријци се преселиле во рускиот далечен север оваа година во обид да стигнат до малку позната граница на земјата со Норвешка. Според весникот по околу 20-тина Сиријци месечно оттаму преминуваат во малото норвешко село Киркенес, кое се наоѓа на илјади километрси северно од сирискиот главен град Дамаск.

Киркенес е најсеверната точка на Патеката на Железната завеса, која едно време ја оцрстуваше границата меѓу западна и источна Европа, за време на епохата на Студената војна.

– Тоа е релативно нов феномен, кој почна пред околу половина година, изјави Томас Петерсен, полицаец во станицата на Киркенес.

Според норвешкиот весник „Сор Варангес авис“ 133 кандидати за азил ја минале оваа маршрута во 2015 година, при што повеќето од нив се Сиријци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top