На небото соноќа можеше да се види појава на Супер Месечина. Ова е прва Супер Месечина која се појавува оваа година, а не очекуваат уште две до крајот на годинава.
Месечината изгледаше доста сјајна и поголема од вообичаеното, затоа што се наоѓаше во перигеј, тоа е точка кога месечината се наоѓа на најмала оддалеченост од Земјата, а Супер Месечина е моментот кога ќе биде полна месечина и истовремено во фаза перигеј.
Супер Месечината се појавува неколку пати во годината, ова беше прв пат оваа година, а следната Супер Месечина ќе биде на 28 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.