Кај Американците, Џунаид Хусеин беше трет на листата со најголеми непријатели од Исламската држава, а Хусаин покрај тоа што бил главен хакер кај џихадистите, тој играл и важна улога во регрутацијата на странските државјани на страната на ИСИЛ.
Хусеин бил оженет со Англичанката Сали Џонс со која што се запознал на интернет. Таа заедно со нивниот син неодамна се преселила во Сирија за да биде заедно со својот сопруг.
Откако беше објавено дека Хусеин е убиен во напад на американско беспилотно летало, Сали Џонс истакнала дека нејзиниот сопруг не е убиен, туку дека таа е „благословена што нејзиниот сопруг и натаму е жив“. Овој брачен пар имаше и прекар – „Господин и госпоѓа Терор“.
Инаку, Хусаин е добро познат по тоа што на социјалните мрежи често се закануваше со терористички напади. Хакерот Хусеин се поврзуваше со големиот план на Исламската држава за напад на парадата на Денот на вооружените сили во Лондон.
„Ќе биде големо. Ние ќе ги нападнеме неверниците моќно со силата на Алах. Ќе ги нападнеме нивните војници на нивна територија. Први на удар ќе бидат војниците кои што служеа во војната во Ирак и Авганистан. Ќе скокнеме во метежот и ќе детонираме бомба“, рекол Хусеин неговата онлајн комуникација со британски новинар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најпознатиот светски хакер: Преку телефонот ве следат на два начини
-
Гучифер 2.0: Дали е тој хакерот што го менуваше текот на изборите во САД?
-
Ако ве повика овој број на „Вибер“, никако не јавувајте се
-
Хакерски скандал го тресе Кралското семejство: Нудел слики од сестрата на принцезата за 50 000 фунти