„Вест“ денеска пипува за скандал на фестивалот „Охридски трубадури“. Имено водителката Вера Јанковиќ си заминала, а директорот Копров, пак, вели дека и покрај огромните грешки на Вера, кои оставиле дамка на Фестивалот, тој џентлменски ќе го испочитува договорот. Според Копров, Вера добила дел од хонорарот, а остатокот ќе го добие на жиро-сметка во Скопје. Копров го платил таксито на Вера од Скопје накај Охрид, а за враќање обезбедил превоз, кој таа не сакала да го прифати.
„Фестивалот течеше на високо ниво, с додека Вера не прескокна четири члена од жирито. Луѓе што се спонзори, пријатели на Фестивалот и внимателно ги следеа тие песни, не добија право да гласаат затоа што Вера, едноставно, не ги прочита, ме засрами пред луѓето. Потоа направи уште една огромна грешка. Наместо за победници да ги прогласи Влатко Илиевски и Јелена Ѓуриќ, таа ја прочита Елена Петреска која го освои третото место. Вера, како некој што е долго во оваа работа, треба да знае што значи евровизиски начин на гласање, а не да чека од нас да објаснуваме. Ако не знае, можеше да праша. И покрај с, таа нејзиниот хонорар ќе го добие. Таксито за неа и за нејзиниот тим од Скопје до Охрид го плативме, а за назад обезбедив превоз, кој не сакаше да го прифати. Таа беше одлична, а на крајот не знам што се случи”, ни изјави Копров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.