Трагедија или организирана диверзија. Едно поинакво гледање на трагедијата на мигрантите, која моментално се случува во Јужна Европа.
Дивизијата вели дека тоа воопшто не треба да се коментира, тоа е едноставен факт што про-имигрантската културно-марксистичка пропаганда со свои медиуми не сака да го слушне.
Секојдневно ни сервираат приказни за „бегалците“ и „азилантите“, иако 90 проценти од нив доаѓаат од земји во кои постои мир. Секојдневно нè лажат со цел да зграпчат дел од проектот на инвазија и уништување на Европа, секако, заедно со исламофашистите и европските културни марксисти.
Се зборува и дека во камповите за бегалци се тепаат луѓе поради тоа што скинале страница од Куранот, дека од бродовите се фрлаат во море луѓето кои се христијани, дека саудискиот принц плаќа 5.000 долари на секој што заминува во Европа од исламските земји. Едноставно, се премолчуваат сите тие говори, мислења, верувања за Европа, Западот, нашите вредности…
Среќа во несреќа е тоа што Македонија не е економски развиена земја, бидејќи за 20-30 години ќе станеше дом за луѓето од Германија, Шведска и слични земји во кои сега се сее уништувачко семе. Она што моментално го гледаме во Сирија и Ирак, тоа ќе го гледаме и во Западна Европа.
И додека гласот на разумот повикува на ксенофобија и расизам, сосема е нормално иднината да нè памети како европски лаоконте, бадијала предупредувајќи и укажувајќи на лудоста на многумина кои го внесуваат Тројанскиот коњ.
Запамтете, 95 проценти од луѓето кои сега доаѓаат не се воопшто бегалци, ниту азиланти, ниту несреќници, не се ништо друго освен демографска инвазија со цел дестабилизација на Европа.
Сте размислиле ли зошто бегалците не бегаат во Катар, Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт? Зошто парите кои се трошат за нивното згрижување не се трошат во нивните матични земји, каде што многу повеќе вреди?
Да беше сè така едноставно, за истите пари, и овие земји ќе изградеа прифатни центри за милиони луѓе кои ќе се хранат и ќе живеат со години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти