| четврток, 6 декември 2018 |

Во овие професии владеат жените

Прочитајте во кои области жените се поуспешни од мажите:

1.Маркетинг и Адвертајзинг

Огласувањето и маркетингот се важни затоа што се занимаваат со создавање на свест и потреба.Најважно е да се идентификуваат потребите на купувачите и да се покаже колку одреден производ му е потребен.Во оваа професија жените дефинитивно се подобри затоа што подобро ги разбираат луѓето и со леснотија можат да “им влезат во глава“ на потрошувачите и да создадат желба.Во времето во кое “сексот продава се“ жените многу подобро знаат како треба одреден производ да биде понуден на пазарот за истиот да се рекламира и купува.

2. Менаџер и Супервизор

Можеби ова на мажите ќе им звучи смешно, но сепак жените доминираат во оваа област.За разлика од мажите кои само ќе размислуваат за проектот, жената ќе внесе многу повеќе енергија во својот работник.Кога се во прашање подредените, жената е во состојба да ги охрабри и мотивира да станат подобри луѓе, но и работници.

3. Јога инструктор

Јогата потекнува од Индија и подразбира контрола на дишењето, медитација, различна телесна положба и опуштање.При одредени Јога положби женското тело е во предност.Жените се подобри од мажите затоа што се пофлексибилни и не се срамат да испуштаат одредени звуци кои можат да бидат потребни.Мажите се подобри за спортови со натпреварувачки дух за кои обично е потребна сила.

4. Гинеколог и Акушер

 

Тие се занимаваат со репродуктивното здравје и полните органи на жените но и одржување на бременоста и породувањето.Затоа е природно што жените се подобри и дека оваа работа ја доживуваат поинкау и лично.Докторките немаат само образование во оваа област, туку и самите искусуваат неколку работи.

5. Медицински сестри

Иако мажите се добри во овие професии, сепак жените се на прво место.Оваа професија бара високо ниво на образование и многу емпатија.Поради децата жените се природни старатели и негувателки и во потполност се предаваат на негувањето деца и стари личности.

6. Воспитувачки

На жените им е во крвта да бидат подобри во оваа професија и да знаат како да си играат со децата, а воедно и да ги учат.Тие имаат трпение да го обликуваат мислењето на децата и да ги развиваат нивните вештини, а воедно и да променат пелени дури сто пати на ден.Дури 98% од вработените во оваа професија се жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top