Австралиското гратче Елис Спрингс е “престолнина“ на алкохолизмот – од педесетина илјади жители половината се алкохоличари?! Рударскиот град, кој е основан во средината на 19 век во време на големата потрага за злато, има најмногу алкохоличари по глава на жител.
Освен тоа, Елис Спрингс е еден од најмрачните градови во Австралија поради многу високата стапка на криминал.
На секој чекор се поставени табли кои предупредуваат на забраната за продажбата и консумирањето на алкохолните пијалаци.
Полицајците постојано патролираат околу локалните продавници за да можат да ги заштитат најзагрозените.
Со доаѓањето на ноќта “забавата“ се сели во семејните куќи каде трговци доаѓаат на врата и продаваат алкохол за два пати повисока цена.
Секоја вечер полицијата интервенира и ги отстранува пијаните луѓе од улиците или ги спречува да влезат во физички пресметки.
Шише рум во “престолнината на алкохоличарите“ купено на “црно“ достигнува цена и од 100 долари, додека шише вино е 35 долари.
Некои жители на Елис Спрингс се толку многу зависни од алкохол што во ситуации кога ќе снема, пијат дури и бензин – предупредува локалната полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот