| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во „Манастирска пештера“ на Матка

pozar-vo-cair-3
Противпожарната бригада информира дека од запалена скара пред некој час избувнал пожар во ресторанот „Манастирска пештера“ (бивша „Мечкина дупка“), кај манастирот „Света Богодорица“ на Матка.

„Се запалила скарата, но нема поголема материјална штета. Навреме е реагирано и брзо е изгаснат пожарот. Изгорен е димоводниот канал и нешто што пржеле горе на скарата“, потврдил за МКД.мк командирот на Противпожарната бригада, Благоја Менковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top