
Во една од легендите за црквата „Света Богородица” се раскажува дека на местото на кое таа за првпат била подигната во 1835 година имало траги од некоја претходна црква од средниот век. Во времето кога била градена во Скопје имало уште само две мали цркви и тоа денешната „Свети Димитрија” кај Старата чаршија и „Свети Спас” во старото Еврејско маало.
До 1830 година во Скопје значително се зголемувал бројот на православното население. Тоа се доселувало од околните села, како и од поблиските градови, така што црквите станале тесни за многубројните верници. Локациите на кои се наоѓале овие две цркви биле несоодветни затоа што околу нив имало турско население, односно граѓани со друга вероисповед.
Турците не дозволувале да се поправаат црквите, така што не доаѓало предвид да се прошируваат. Во ова време била подигната и скопската катедрална црква „Св. Богородица”. Прашање е дали таа би била толку брзо и лесно изградена ако тогаш во Скопје на чело на „православието” не биле двајца многу енергични, храбри и истрајни луѓе: митрополитот Гаврил и скопскиот првенец аџи Трајко Хаџи Дојчиновиќ, а од големо значење било и тоа што во управата на Скопскиот пашалак се наоѓал Хавзи-паша, ретко писмен муслимански првенец во тие времиња.
Според кажувањата на скопјани, на местото каде што била изградена црквата „Св. Богородица” имало каллива ледина. аџи Трајко со неговите успеал да ги „излаже” муслиманските првенци така што една ноќ на тоа место пренел тули и отпадоци од старата црква „Св. Спас”, која тогаш била во лоша состојба, ги закопал в земја заедно со стара икона на Св. Богородица и кога Ханзипашината „комисија” го нашла тоа се уверила дека некогаш тука, навистина, постоела црква.

Црквата „Св. Богородица” била градена со голема љубов. Аџи Трајко бил најголем дарител и нејзин прв ктитор. Постојат веродостојни податоци за тоа кога, од кого и како е градена „Св. Богородица”. Комплетно ја изградиле тогашните врвни најдобри мијачки градители, фрескоиконописци, копаничари-резбари од Мијачко: Папрадиште, Тресонче, Галичник, Гари и Осој, односно најдобрата градителска тајфа – прочуената фамилија Рензовци, денес Зографовци, кои кон крајот на 17, во 18 и на почетокот на 19 век биле познати како неимари – стои во дел од списите за историјата на црквата-заштитничка на Скопје, која во одреден период служела и како училиште во кое даскалувал Јордан Хаџи Константинов – Џинот, еден од зачетниците на просветителството во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


