
Постојат неколку грешки што најголемиот дел од мажите ги прават при допирањето на градите на партнерката. Пресилно смукање доведува до чувство на непријатност, а силниот стисок е само непријатна болка за поголемиот дел од девојките.
Еве неколку работи на кои треба да обратите внимание кога ги допирате градите на вашата партнерка:
1. Допирајте ги градите стоејќи зад неа и притоа масирајте ги сензуално. Не може да види што правите, па ќе биде повозбудена.
2. Бакнежите и вшмукувањата можат да бидат многу возбудливи, но ако се концентрирате исклучиво на брадавиците и влечете јако, тогаш доаѓа до иритација и чувство на непријатност. Концентрирајте се и на кожата околу брадавиците.
3. Допирањето на градите под туш е идеално за предигра. Топлата вода ги шири крвните садови, а сапунот дејствува како лубрикант, па допирите стануваат уште посензуални.
4. Додека ја соблекувате протријте ги врвовите на нејзините гради преку градникот. Тоа и дава едно посебно чувство.
5. Поголемиот дел од жените сакаат нежна масажа на градите со повремени стисоци во кои опфатена е целата града, наместо постојани стискања. Не применувајте подолг период ист притисок на градата.
6. Обратете внимание на тоа дали ги трга вашите раце од нејзините гради. Тоа значи дека сака да преминете на нешто друго или пак не и се допаѓа токму тој начин на допирање на градите.
7. За да откриете колкав интензитет на допири сака на брадавиците, испробајте на себе. Мажите и жените имаат еднаков број на нервни завршетоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


