| четврток, 6 декември 2018 |

Шиперс ја остави Јамајка без злато на 200 метри (видео)

Beijing 2015 IAAF World Championships

На седмиот ден од Светското првенство во атлетика што се одржува во Пекинг на програмата беа пет финални дисциплини.

Во исклучително возбудливата трка на 200 метри во женска конкуренција победи холанѓанката Дафне Шиперс со време од 21,63 секунди, зад неа со само 3 стотинки послабо време заврши јамајканката Елејн Томпсон, додека трета беше Вероника Кемпбел Браун исто така од Јамајка.

Русинот Сергеј Шубенков и го донесе првото злато на својата земја од овој атлетски Мундијал откако славеше на 110 метри со пречки со време од 12,98 секунди. Сребрениот медал го освои Хенсл Парчмент од Јамајка, а бронзата Ариес Мерит од САД.

Американата Тиана Бартолета се закити со најсјајното одличје во скок во далечина со прескокнати 7,14 метри. Втора беше Шара Проктор од Велика Британија, а третта Сбринката Ивана Шпановиќ.

На 100 метри со пречки кај дамите победи Даниеле Вилијамс од Јамајка со 12,57 метри. Синди Роледер до Германија беше втора со заостанување од 2 стотинки, а на последнто место на подиумот се искачи Алина Талај од Белорусија.

И во брзо одење на 20 километри во женска конкуренција двоен триумф на домашните натпреварувачки. Во неизвесна битка и со идентично време од 1 час 27 минути и 45 секунди златото го освои Хонг Лиу, а според фотофинишот среброто и припадна на Џиу Жи Лу. Трета на целта мина Украинката, Људмила Ољановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top