| четврток, 6 декември 2018 |

Мирисот на потта се разликува во зависност од причинителот на потењето

sala za vezbanje

Под стрес сте

По мирисот на потта лесно може да препознаете дали сте под стрес. Кога ви е топло, се активираат жлезди што се наоѓаат по телото и произведуваат пот, која главно се состои од вода и сол и нема нагласен мирис. Кога сме под стрес, потта ја произведуваат апокрините жлезди, кои се наоѓаат само на одредени делови од телото, како што се пазувите. Таа пот се состои од маснотии и протеини, кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и така создаваат непријатен мирис.

Ширите позитива или страв

Истражувањата покажале дека луѓето во ваша близина можат да препознаат што чувствувате по мирисот на вашата пот. Во еден експеримент, 36 жени морале да помирисаат примероци на пот на 12 мажи кои претходно гледале филмови кои имале задача да ги усреќат или преплашат. Кога жените ја помирисале потта на преплашените мажи, мирисот им предизвикал слична реакција на страв и гадење. Кога ја помирисале потта од среќните мажи, тој мирис во нив предизвикал драга реакција и насмевки.

Ви се заканува опасност од топлотен удар

Се шетате, а многу е топло и во еден момент чувствувате дека повеќе не се потите и ви се врти. Тоа што сте го доживеале се нарекува анхидроза, состојба во која не можете нормално да се потите и вашето тело не може да се „олади” преку потењето. Ако во тој момент веднаш не му дадете на телото вода, ви се заканува опасност од топлотен удар. Тргнете се во сенка. Никако немојте да пиете алкохолни пијалаци или пијалаци со кофеин, затоа што тие предизвикуваат дехидратација.
Ви паднал шеќерот во крвта

Зголеменото потење е еден од симптомите на нагло паѓање на шеќерта во крвта. Овој проблем лесно ќе го решите со јадење на чоколада или било какво благо кое ќе ви се најде при рака.

Бремени сте или влегувате во менопауза

Ако постои можност да сте бремени или во менопауза, тогаш обрнете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат врз ендокриниот систем можат да предизвикаат зголемено потење. Токму тоа им се случува на повеќето жени кои влегуваат во менопауза. Нешто слично се случува и на почетокот од бременоста. Тогаш хормонските промени предизвикуваат промена во „термостатот” на мозокот, па поради тоа може да чувствувате топлина дури и во многу климатизирани простории и многу да се потите.

Имате хипердриоза

Ако не можете да најдете причина за своето зголемено потење, посетете доктор затоа што е можно да имате хипердриоза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење кое ги поминува потребите за нормална терморегулација на телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top