Бесплатно образование и учебници, нови училишта и спортски сали, реконструирани училишни објекти, компјутер за секое дете, повисоки плати за наставниците и трансформирани работни односи на околу 8000 образовни работници. Ова се само дел од успешно реализираните проекти во образованието во изминатите неколку години кои придонесоа за зголемување на квалитетот на македонскиот образовен процес, анализира ТВ Сител.
Инвестирани се околу 50 милиони евра за изградба на нови и реконструкција на постоечките училишни објекти.
Од 470 училишта, 74 се изградени или во тек на градба а 395 се реконструирани или во процес на реконструкција. Од ова бенефит ќе имаат 140 илјади ученици и наставен кадар.
Изградени се и 47 училишни спортски сали во вредност од 1,4 милијарди денари за спорт и рекреација на повеќе од 40.000 ученици како и 33 спортски сали преку Агенцијата за спорт и млади.
Паралелно со инвестициите во објектите се воведе и задолжително и бесплатно образование за сите граѓани до 18 години. За 6 години за бесплатни учебници инвестирани се (35 милиони евра). Премиерот Груевски неодамна најави продолжување на овој проект и замена на старите за нови учебници за што ќе се инвестираат 7 милиони евра.
-Оваа година ќе извршиме замена на старите со нови учебници. За таа цел ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното образование и од прва до четврта година за средно образование. Во тој дел исклучок се само учебниците по математика и природни науки во седмо, осмо и деветто одделение кои согласно Акцискиот план за воведување на Кембриџ образовниот систем ќе бидат воведени во септември 2016 година. Лани беа заменети учебниците по Кембриџ системот за математика и природни науки за прво, второ и трето одделение, годинава ќе бидат заменети за четврто, петто и шесто одделение, а догодина за седмо, осмо и деветто одделение, изјави премиерот Никола Груевски.
Со овој проект се опфатени 280.000 ученици кои претходно мораа да ги купуваат учебниците. Оние кои живеат подалеку имаат и бесплатен превоз до училиштето.
И воведувањето на Кембриџ образовниот систем е исто така значајна реформа за поквалитетно образование.
Успешно се имплементираше и проектот “Компјутер за секое дете“,а како надополнување Владата најави набавка на 300.000 таблет компјутери (со тастатура) за сите ученици во основно и средно образование во следните три години. Со овие и најавата за нови инвестиции, може да се заклучи дека образованието е еден од врвните приоритети на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии