| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена нелегална продажба на алкохол

алкохол

Царинската управа вчера во рамки на акцијата за контрола на продажба на акцизна стока изврши проверки во 15 објекти и повеќе зелени пазари на територијата на Дебар, Охрид и Струга се 15 објекти, при што неправилности се откриени во четири случаи и привремено се задржани околу 100 литри алкохол без бандероли и со сомнително потекло.

Во два угостителски објекти во Дебар и Охрид е утврдена нелегална продажба на жестоки пијалоци и одземени се девет литри алкохолни пијалоци – коњак, вотка, виски и ликер. При контрола на зелените пазари во Охрид и Струга кај две физички лица се откриени и одземени 83 литри домашна ракија и пет литри коњак.

– Сите привремено задржани алкохолни пијалоци, во вкупна количина од 97 литри, не биле означени со контролни марки, ниту поседувале каков било сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба, информира Царинската управа.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top