| четврток, 6 декември 2018 |

Подобрете ја циркулацијата на лицето со помош на масажа

ма

Со правилно масирање на лицето ќе успеете на природен начин без хемикалии да ги неутрализирате лимфните јазли на лицето и да ја подобрите циркулацијата на крв во таа регија. Масажата на лицето истовремено може да ви помогне да го елиминирате наталожениот стрес во текот на денот. Нема никаква штета од секојдневното практицирање на масажата на лицето. Но сепак е навистина важно да ја совладате вистинската техника на масирање со чија помош би го постигнале сето тоа.
Пред се нанесете малку поголема количина на хидратантна крема на лицето. Со користењето на кремот го спречувате триењето на кожата. Позиционирајте го показалецот и средниот прст од раката на врвот на носот во пределот помеѓу двете очи. Лизгајте нагоре правејќи благ притисок на челото. При тоа ширете ги прстите се додека не ја допрете линијата каде што косата почнува да расте. Постапката повторете ја неколкупати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top