| четврток, 6 декември 2018 |

Откриените бегалци во камион во Австрија најверојатно биле мртви пред да влезат во земјата

камион

Околу 50-те бегалци, чии тела беа откриени во напуштен камион на автопат во Австрија можеби веќе биле мртви, кога возилото влегло во земјата, соопшти австриската полиција.

Според првичните сознанија мигрантите починале од задушување. Камионот влегол во Австрија меѓу вчера вечерта и денеска изутрина.

Камионот ладилник, што вчера се наоѓал во близина на унгарскиот главен град Будимпешта, беше откриен од австриска сообраќајна патрола во источниот дел на земјата.

Може да се претпостави дека смртта настапила пред ден и половина до два, изјави Ханс Петер Доскозил, началник на полицијата во провинцијата Бургенланд.

Според Доскозил многу нешта покажуваат дека луѓето веќе биле мртви, кога ја минале границата.

Претходно унгарските власти соопштија дека напуштениот камион во источниот дел на Австрија, во кој денеска се пронајдени тела на околу 50 бегалци, имал унгарски регистарски ознаки.

Сопственик на камионот бил романски граѓанин. Шефот на канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Јанош Лазар изјави дека камионот неодамна бил купен од романски граѓанин од словачка компанија и бил регистриран во градот Кечкемет во јужниот дел на Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top