Иако Американците и Британците биле свесни дека ИСИЛ ќе се поврзе со други терористички групи и ќе формира Калифат, сепак одлучиле да ги вооружат за да се борат против „Сирискиот режим“.
Британски “The Guardian” пренесува дека обвинителството во Лондон морало да се откаже од обвинението против шведски државјанин кој се борел на страната на ИСИЛ. Имено, во текот на процесот се појавиле информации дека разузнавачките тајни служби на САД и Велика Британија помогнале во формирањето, вооружувањето и обучувањето на Исламската држава!
Документите кои „испливаа“ на површина, покажале дека Американците после соборувањето на Гадафи во Либија во 2011-та година, запленетото оружје од Бенгази во 2012-та година го испратиле во рацете на терористички групи кои се бореле против „режимот“ на Башар Ал-Асад во Сирија. „Пратката“ содржела снајпери, ракетни фрлачи и проектили од разни калибри, а оружјето завршило во рацете на ИСИЛ и Ал-Нусра фронтот.
Откако „производот“ на американска ЦИА и британски МИ6 прогласи Калифат на териториите на Сирија и Ирак, сето тоа прерасна во најголема опасност на Блискиот Исток.
Припадниците на Исламската држава го шокираат светот секојдневно, обезглавуваат невини луѓе, ги палат жртвите, убиваат деца и рушат христијански храмови и древни градови. Сето тоа гордо го објавуваат на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.