| четврток, 6 декември 2018 |

Шест афродизијаци за подобар секс

Колку што вкусно јадење може да ви го поправи расположението, толку одредени состојки или намирници можат да делуваат како афродизијак со кој ќе го зачините вашиот сексуален однос.

„Постојат се` повеќе докази дека некои од витамините и компонентите на храната можат да ја подобрат сексуалната функција и искуство“, вели докторката Џенифер Р. Берман, директорка на женскиот велнес центар Берман на Беверли Хилс, Калифорнија.

Според нејзиниот совет, доволно е како состојка во некои јадења да ги додадете овие намирници кои се вистински афродизијаци:

Авокадо

Зад авокадото стојат сериозни научни причини кои го сврстуваат во афродизијаци. Тој изобилува со незаситени масти, па е добар за срцето и крвните садови низ кои силно протекува крв на „вистинските“ места.

Бадеми

Тие се на самиот врв на намирници кои поттикнуваат на сексуален однос, но се од голема помош и за плодноста. Бадемите се хранливи и содржат минерали потребни за сексуалното здравје и репродуктивност, како што се цинк, селен и витамин Е. „Цинкот помага да се подобри либидото и сексуалната желба. Не го разбираме точно механизмот кој стои зад него, но знаеме дека функционира“, вели др. Берман.

Јагоди

Не само што се со црвена боја на која мажите не можат да одолеат кога ќе видат жена облечена во неа, туку јагодите се и одличен извор на фолна киселина и витамин Б кои штитат од породилни дефекти кај жените, а според истражувањето на Беркли на Универзитетот Калифорнија, јагодите се поврзани и со поголем број на сперматозоиди кај мажите.

Морска храна

Иако се лигави, остригите се многу познат афродизијак кој го зголемува либидото со помош на цинк. Но, и другите морски плодови можат да имаат афродизијачки својства како див лосос и харинги кои содржат омега 3 киселини, неопходни за здраво срце.

Смокви

Од дамнешни времиња смоквите се познати како поттикнувачи на плодноста, а се совршен афродизијак затоа што се полни со растворливи и нерастворливи влакна важни за здравјето на срцето.

Цитруси

Секој член на оваа група тропско овошје е моќен антиоксиданс затоа што изобилува со витамин Ц и фолни киселини, клучни работи за машкото репродуктивно здравје. Поради тоа, слободно препуштете се на романтична салата со цитруси, како розов грејпфрут или мандарини, а можете да употребите и дресинг подготвен од лимон и лимета.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top