Кога пред три години Гадафи зборувал за исламизација на Европа, сето тоа изгледало смешно, но денеска работите се сменија. Три години после убиството на Гадафи, станува сè повеќе јасно дека неговите предвидувања се остваруваат, бидејќи Исламската држава сега се заканува дека ќе испрати половина милион терористи на територијата на Европа.
Либијскиот лидер Муамер ал Гадафи, предвидуваше дека џихадистите од неговата земја ќе ја нападнат Европа ако тој биде отфрлен од власта. Она што е застрашувачко е фактот дека неговите пророштва навистина се остваруваат.
Поминаа три години од неговото убиство, а тоа беше доволно за екстремистите од Либија да се заканат дека токму од Либија ќе испратат 500.000 терористи во Италија кои всушност ќе бидат преправени во мигранти кои ќе направат вистински хаос во Европа.
Нов појас Газа
Гадафи своето морничаво пророштвто го изнесе во своето последно интервју во месец март во 2011-тата година, кога вооружените бунтовници со поддршка на гранатите од НАТО, водеа војна против него.
Да потсетиме, Исламската држава тогаш не ни постоеше, но либијскиот лидер предвидуваше дека терористите набрзо ќе ја окупираат неговата земја и останатите држави на Блискиот исток, од каде ќе се загрози и Стариот континент. Всушност, сето тоа започна да се остварува после неговата смрт.
– Ако наместо стабилни влади, кои гарантираат безбедност, овие милитанти поврзани со Осама бин Ладен ја преземат целосната контрола, Африканците масовно ќе почнат да влегуваат во Европа. Меѓу нив ќе има и голем број на терористи. Медитеранот ќе стане море на хаос и крвопролевање, истакнал тогаш Гадафи.
Без неговиот строг режим, новиот појас Газа би настанал во Северна Африка, како што тогаш тој тврдеше. НАТО во тоа време им помагаше на бунтовниците да го тргнат Гадафи од власта после 40 години владеење, не сфаќајќи за што точно станува збор.
Муамер ал Гадафи беше убиен на стравичен начин во родниот град Сирт во октомври 2011-тата година, седум месеци откако сведочеше за сето она што наводно би можело да се случи.
Рим е главна
Светските лидери после 3 години се уверија дека Гадафи бил навистина во право. Џихадистите најпрво заземаа третина од територијата на Ирак и Сирија, а потоа се проширија и на територијата на Либија каде имаат свое упориште во источниот град Дерни.
Денес тие се закануваат дека на тлото на Европа ќе испратат половина милион екстремисти.
– Ако некоја европска држава започне воена интервенција врз нашата позиција во Либија, особено Италија, ќе испратиме илјадници бродови со терористи на европско тло, наведе ИСИС.
Тие и претходно опоменаа дека следна главна мета им е Рим, кога минатата недела на крајбрежјето на Средоземното море извршија масовната егзекуција на 21 египетски христијани-Копти, кои беа заробени во Либија во текот на нападите во реонот на градот Сирт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст