| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички по првиот дел губи со 1-0 од Рубин Казан

Rabotnicki (2) (Custom)

Единствениот македонски претсавник во еврокуповите, екипата на Работнички во моментов го игра реванш дуелот од баражат за групната фаза во Лига на Европа против рускиот Рубин Казан. Првиот натпревар во Скопје заврши без победник 1-1, па македонскиот вицешампион брка минимум нерешен резултат со постигнати голови во реваншот.
По првите 45 минута резултатот не му оди во прилог бидејќи Рубин води од 35 минута со 1-0 со голот на Карлос Едуардо.
Се очекува во второто полувреме клубот од „дебар маало“ повеќе да притисне кон голот на Рижиков и да го израмни резултатот.
Рубин има повеќе од играта, успеа да упати седум удари кон голот на Божиновски и да изведе дури десет корнери.
Останува да се види дали Работнички има сили за нов подвиг и да стигне до најголемиот клупски успех на еден македонски клуб во еврокуповите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top