| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ се подготвува за евентуален прилив на имигранти

бих

Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ изјави денеска дека властите на Босна и Херцеговина се подготвуваат за евентуален прилив на бегалци од арапските и африканските земји.

Мектиќ не прецизираше во што се состои нивната подготовка.

– Босанските власти сметаат дека ограничувачките мерки, преземени од Унгарија, која гради ограда на границата со Србија за заштита од имигранти, може да принуди некои од нив да побараат други патишта кон земјите од Европската унија, евентуално преку БиХ- истакна Мектиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top