Италија презема вонредни мерки во очекување на уште 20.000 емигранти, изјави извор од италијанското Министерство за внатрешни работи.
Според стручњаците, бранот емигранти што по морски пат се упатуваат кон Италија ќе продолжи до крајот на септември.
– Очекувавме дека приливот на емигранти ќе се намали до крајот на летото. Сепак се покажа дека шверцерите го интензивираат пренесувањето емигранти. Тоа го покажуваат сведочења на мигранти пред судските власти. Според податоци од последните истражувања на властите во Сицилија, шверцерите на луѓе во Либија многу брзо се организираат во снабдувањето со нови пловни објекти. Другиот начин е претовар и превоз во нечовечки услови, наведуваат изворите.
Од италијанското Министерство за внатрешни работи ја следат ситуацијата со посебно внимание при емиграциите од Северна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст