| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот што на премиератата на „Бетмен“ уби 12 лица доби 3.318 години затвор

James-Holms1

Џејмс Холмс, кој уби 12 лица, а рани 70 во киносала во Денвер, Колорадо, е осуден на 12 доживотни затворски казни или вкупно 3.318 години затвор.

Намерата на судот е осудениот никогаш повеќе да не излезе на слобода. Ако постоел случај во кој осуденикот заслужува максимална казна, тогаш тоа е овој случај, тој не заслужува никакво сочувство – рече судијата.

Преживеаните и роднините на убиените со аплауз ја поздравија пресудата. За пукањето во киносалата, Холмс беше обвинет по сите 165 точки од обвинението.

27-годишниот Холмс пред три години фрли солзавец во киносалата каде што се прикажуваше премиера на „Бетмен“, а потоа почна да пука по посетителите, додека слушаше техномузика за да не ги слуша вресоците на жртвите.

На главата имаше кацига, а на телото непробоен елек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top