Во денешно време на пазарот постои широка палета производи за нега на кожата во служба на убавината. Сепак, слични производи може да направите и сами. Покрај тоа што се поевтини, направени се од природни состојки, кои, веројатно, ги имате во вашата куќа, а тоа се портокал и содабикарбона. Содата е одлична за чистење на лицето и митесерите, додека сокот од портокал ќе го избели лицето и сосема ќе ги прочисти порите.
Во сад измешајте една лажичка сода бикарбона со една лажица свежо цеден сок од портокал. Мешајте додека не добиете густа паста која во тенок слој ќе ја нанесете на лицето, вратот и деколтето. Маската делува околу 20 минути. Доколку почувствувате благо скокоткање, тоа е знак дека маската дејствува.
Доколку сакате можете со кружни движења да го измасирате лицето со врвовите на прстите. Потоа тоа измијте ја маската и нанесете го кремот што вообичаено го користите.
После неколку недели ќе забележите дека на кожата и се враќа енергијата, лицето ќе ви биде чисто, а брчките ќе бидат ублажени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



