Четириесет и четиригодишниот Сашо С. починал од струен удар додека со уште две лица вработени во фирмата АДЦ – д.о.о.е.л. поставувале ново мерно разводно ормарче, соопшти МВР
Настанот се случил вчера попладне околу 13.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје.
Полицијата извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.