| четврток, 6 декември 2018 |

Опаѓа трендот на заминување од државата

Ста­ти­сти­ка­та, до­би­е­на врз ос­но­ва на по­да­то­ци од МВР, ве­ли де­ка ми­на­та­та го­ди­на од др­жа­ва­та за­ми­на­ле 740 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни. Не е иск­лу­че­но де­ка го­лем број од тие што се отсе­ли­ле од др­жа­ва­та не се при­ја­ви­ле во МВР

Ка­ко чо­век што по­ве­ќе од ед­на го­ди­на не жи­вее во сопс­тве­на­та зем­ја, не ме трог­ну­ва­ат ва­кви пис­ма, ни­ту раз­дел­ба­та со бли­ски­те ја до­жи­ву­вам тол­ку страш­но. Ко­га ќе сфа­тиш де­ка це­ли­от свет е твој дом, то­гаш и жи­во­тот го при­фа­ќаш ка­ко аван­ту­ра и су­пер си те­раш. Се­кој има из­бор во жи­во­тот и не мо­жам да сфа­там ка­ко гле­да­те ус­пех во тоа ко­га не­кој ма­ке­дон­ски спор­тист ќе оди да игра во странс­тво, а ко­га јас ќе се пре­се­лам во дру­га др­жа­ва, то­гаш тоа е тра­ге­ди­ја. Спор­ти­стот, исто та­ка, за­ми­ну­ва за­тоа што не му чи­нат ус­ло­ви­те во Ма­ке­до­ни­ја, ама тоа е не­гов ли­чен ус­пех што го ба­ра­ат во странс­тво и гор­ди сме. Епа еве и ме­не ме ба­ра­ат во стран­ска фир­ма, бри­тан­ска. Гор­ди ли сте Ма­ке­дон­ци мои? Не­по­треб­на па­те­ти­ка! – ва­ка 33-го­диш­на­та Јас­на збо­ру­ва за па­те­тич­ни­те тек­сто­ви и ста­ту­си на тие, чиј­што при­ја­тел за­ми­нал да жи­вее не­ка­де над­вор од др­жа­ва­та.

Те­шко е ко­га бли­зок ќе ре­ши да за­ми­не пре­ку оке­а­нот. Те­шко е ко­га ќе по­мис­ли де­ка кру­гот на бли­ски при­ја­те­ли се стес­ну­ва, де­ка ќе го про­пу­штиш ро­ден­де­нот на сво­ја­та вну­ка са­мо за­тоа што таа е ил­јад­ни­ци ки­ло­ме­три да­ле­ку од те­бе, а ави­он­ска­та кар­та до та­му е пре­ска­па. Но сѐ во жи­во­тот е пра­во на ли­чен из­бор. Не­кој сме­та де­ка ов­де не­ма ид­ни­на, друг сме­та де­ка не­ма ид­ни­на за де­ца­та. Еден ре­ша­ва да за­ми­не, друг де­те­то да го ис­пра­ти на шко­лу­ва­ње. Се­кој се на­де­ва на по­до­бри ус­ло­ви. Ка­ко што спор­ти­стот се на­де­ва де­ка ќе има по­до­бри ус­ло­ви во не­кој клуб над­вор од зем­ја­ва… Ка­ко што ра­ко­ме­та­рот од Ру­си­ја што игра за Вар­дар до­шол за­ра­ди по­до­бри ус­ло­ви…

 

Пен­зи­о­не­ри ја на­пу­шти­ле др­жа­ва­та

По­сто­ја­но слу­ша­ме де­ка си­те за­ми­на­ле од др­жа­ва­та, кој ќе ја иск­лу­чи све­тил­ка­та. Факт де­ка че­сто слу­ша­ме де­ка не­кој поз­нат за­ми­нал од др­жа­ва­та. Но, офи­ци­јал­ни­те по­да­то­ци об­ја­ве­ни на сај­тот на Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка ве­лат де­ка опа­ѓа овој тренд на за­ми­ну­ва­ње од др­жа­ва­та. Не е иск­лу­че­но де­ка го­лем број од тие што се отсе­ли­ле од др­жа­ва­та не се при­ја­ви­ле во МВР.

Та­ка, на при­мер, ста­ти­сти­ка­та, до­би­е­на врз ос­но­ва на по­да­то­ци од Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти, ве­ли де­ка ми­на­та­та го­ди­на од др­жа­ва­та за­ми­на­ле 740 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни. Во 2013 го­ди­на исто­то го на­пра­ви­ле 945 ли­ца, а во 2012 го­ди­на 1.330 гра­ѓа­ни го при­ја­ви­ле сво­е­то отсе­лу­ва­ње од др­жа­ва­та. Во 2011 го­ди­на таа број­ка би­ла не­што по­ни­ска – 1.143 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни. Ед­на го­ди­на прет­ход­но исто­то го на­пра­ви­ле 923 ли­ца.

Ин­те­рес­но, спо­ред по­да­то­ци­те на За­во­дот за ста­ти­сти­ка, од зем­ја­ва најм­но­гу за­ми­на­ле ли­ца по­во­зрас­ни од 65 го­ди­ни. Ми­на­та­та го­ди­на отсе­лу­ва­ње од др­жа­ва­та при­ја­ви­ле 72 ма­жи и 50 же­ни што би­ле по­во­зрас­ни од 65 го­ди­ни. Ина­ку, се исе­ли­ле по­ве­ќе ма­жи од же­ни – 436 ма­жи нас­про­ти 304 же­ни. По пен­зи­о­не­ри­те, најм­но­гу­број­ни ма­жи што се ре­ши­ле на ва­ков че­кор се тие на во­зраст од 25 до 29 го­ди­ни – вкуп­но 52, а по­тоа се ма­жи­те што се од 60 до 65-го­диш­на во­зраст – 40 исе­ле­ни. Кај же­ни­те, пак, по пен­зи­о­нер­ки­те, најм­но­гу­број­ни што до­не­ле од­лу­ка да ја на­пу­штат Ма­ке­до­ни­ја се тие на во­зраст од 30 до 34 го­ди­ни. Се отсе­ли­ле 34 же­ни на оваа во­зраст.

Ка­ко нај­че­ста при­чи­на за отсе­лу­ва­ње се на­ве­ду­ва се­меј­на­та – 292 ли­ца. Вра­бо­ту­ва­ње­то ка­ко при­чи­на го на­ве­ле 85 ли­ца, склу­чу­ва­ње брак 42 ли­ца, шко­лу­ва­ње 13, а 306 ли­ца не по­со­чи­ле од кои при­чи­ни за­ми­ну­ва­ат од др­жа­ва­та.

Од отсе­ле­ни­те, пак, 310 ли­ца се во брак, 136 се не­вен­ча­ни. Најм­но­гу се отсе­ли­ле ли­ца со сред­но обра­зо­ва­ние – 229, а со ос­нов­но 98, со за­вр­ше­но ви­шо обра­зо­ва­ние се отсе­ли­ле 38 ли­ца, со фа­кул­тет­ски дип­ло­ми, пак, 75 ли­ца, а др­жа­ва­та ја на­пу­шти­ле и че­ти­ри ма­ги­стри и трој­ца до­кто­ри на на­у­ки. За­ми­на­ле 47 струч­ња­ци и на­уч­ни­ци, 31 тех­ни­чар, 45 ра­бот­ни­ци во ус­луж­на деј­ност… 72 ли­ца од отсе­ле­ни­те се со сопс­тве­ни при­ма­ња, до­де­ка 98 би­ле из­др­жу­ва­ни ли­ца. За 271 отсе­ле­но ли­це не­ма по­да­ток да­ли има­ле сопс­тве­ни при­ма­ња во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Азиј­ци и Афри­кан­ци во Ма­ке­до­ни­ја

Се отсе­лу­ва­ат, но и се до­се­лу­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја. Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка во 2014 го­ди­на во Ма­ке­до­ни­ја се до­се­ли­ле 4.208 ли­ца, а до­ма се вра­ти­ле 265 Ма­ке­дон­ци, што е мно­гу по­ма­ла број­ка од по­врат­ни­ци­те во 2013 го­ди­на, ко­га се ре­ги­стри­ра­ни 490 ли­ца. Од Ав­стра­ли­ја во 2014 го­ди­на се вра­ти­ле 13 ли­ца, од Ази­ја две ли­ца, од Аме­ри­ка 18, а од Евро­па 232 Ма­ке­дон­ци.

Го­ле­ма е и бро­јот на стран­ци со при­вре­мен пре­стој што дош­ле во Ма­ке­до­ни­ја – 2.273, ка­ко и бро­јот на стран­ци со про­дол­жен пре­стој во зем­ја­ва – 1.670. Во 2013 го­ди­на се ре­ги­стри­ра­ни 1.941 стра­нец со при­вре­мен пре­стој и 1.560 стран­ци со про­дол­жен пре­стој.

Ми­на­та­та го­ди­на во Ма­ке­до­ни­ја се до­се­ли­ле 697 Тур­ци и 322 Ал­бан­ци. Од Ко­со­во се до­се­ли­ле 192 ли­ца, а од Ср­би­ја 184 ли­ца. Ма­ке­до­ни­ја за ме­сто на жи­ве­е­ње ја из­бра­ле 163 Гр­ци.

По кон­ти­нен­ти, од европ­ски­те зем­ји ни се до­се­ли­ле 2.065 ли­ца. Ин­те­ре­сен е по­да­то­кот де­ка во зем­ја­ва се пре­се­ли­ле 89 Азиј­ци и 36 Афри­кан­ци. Од Аме­ри­ка дош­ле 39 ли­ца што оста­на­ле во зем­ја­ва.

Нај­го­лем број од до­се­ле­ни­те дош­ле во Скоп­је – 1.021 ли­це, Стру­га, ка­де што се до­се­ли­ле 186 стран­ци, по­тоа Ге­вге­ли­ја, ко­ја при­ми­ла 178 ли­ца од дру­ги др­жа­ви, кои ја из­бра­ле Ма­ке­до­ни­ја за нов дом. Во Те­то­во се до­се­ли­ле 112 та­кви ли­ца, а во Би­то­ла 102 ли­ца.

tema155-2

Ка­де за­ми­на­ле?

Нај­го­лем број ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни што ре­ши­ле да ја на­пу­штат зем­ја­та оста­на­ле во Евро­па – 318 од 740 отсе­ле­ни ли­ца. Нај­го­лем дел од нив, 101 ли­це, ја из­бра­ле Гер­ма­ни­ја за свој иден дом. Во Аме­ри­ка за­ми­на­ле 234 ли­ца, глав­но во САД. Пре­ку оке­а­нот се отсе­ли­ле 183 ли­ца, во Ази­ја за­ми­на­ле са­мо пет ли­ца. Афри­ка во­оп­што не е прив­леч­на де­сти­на­ци­ја за Ма­ке­дон­ци­те. Во оваа зем­ја не се отсе­ли­ло ни­ту ед­но ли­це, нас­про­ти 36 Афри­кан­ци што ре­ши­ле да се пре­се­лат во Ма­ке­до­ни­ја.

Во ре­ги­о­нот 23 Ма­ке­дон­ци за­ми­на­ле во Ср­би­ја, 18 во Бу­га­ри­ја, 14 во Сло­ве­ни­ја.

Гле­дај­ќи спо­ред ет­нич­ка при­пад­ност, во 2013 го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја ја на­пу­шти­ле 538 Ма­ке­дон­ци, 113 Ал­бан­ци, 24 Тур­ци. Охри­ѓа­ни се најм­но­гу­број­ни ме­ѓу тие што ја на­пу­шти­ле др­жа­ва­та – ду­ри 375 ли­ца, што е по­ве­ќе од по­ло­ви­на од вкуп­ни­от број исе­ле­ни. Еди­на­е­сет ли­ца за­ми­на­ле во Ср­би­ја, пет во Сло­ве­ни­ја, че­тво­ри­ца во Ко­со­во, но најм­но­гу се за­ве­де­ни под гра­фа­та дру­ги зем­ји.

По охри­ѓа­ни се 117 отсе­ле­ни те­тов­ци. По Те­то­во до­а­ѓа Је­гу­нов­це со 97 отсе­ле­ни ли­ца, Дел­че­во со 43, Де­бар­ца со 37, и Те­ар­це со 31 отсе­ле­но ли­це. Од скоп­ски­от ре­ги­он се отсе­ли­ле 83 ли­ца, но ту­ка, глав­но, вле­гу­ва­ат стран­ци со при­вре­мен пре­стој во Ма­ке­до­ни­ја. Кон­крет­но, од Скоп­је се при­ја­ве­ни трој­ца Ма­ке­дон­ци што ре­ши­ле де­ка не са­ка­ат ве­ќе да жи­ве­ат во Ма­ке­до­ни­ја.

Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 155. број на неделникот „Република“, 21.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top