| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната плата на историски највисоко ниво – 22.071 денар

плати

Во Македонија континуирано се зголемува вработеноста како резултат на низа владини мерки, странски директни инвестиции, домашни инвестиции, активни мерки за вработување, Македонија вработува, кои влијаат на значително намалување на невработеноста од 38 отсто на 27,6 отсто, што е досега најниско ниво.

Просечната плата денес е на историски највисоко ниво односно 22.071 денари или зголемена е за 63,28 отсто. Имено во 2006 година просечната исплатена нето-плата во Република Македонија изнесуваше 13.517 денари, а просечната исплатена месечна нето плата по вработен за месец мај 2015 година изнесувала 22.071 денари (според последните податоци).

Кога ќе се направи компарација помеѓу овие две години во поглед на исплатената просечна исплатена нето-плата, произлегува дека покачувањето на истата изнесува 63,28 отсто.

Минималната плата, пак, ако во минатото изнесуваше 6.000 денари, денес изнесува 9.590 денари, а веќе следниот јануари, односно за четири месеци, ќе изнесува 10.080 денари. Целиот процес на зголемување на минималната плата се состои во тригодишна динамика, односно покачувањето се реализира почнувајќи од март 2014 година, а ќе заврши во март 2016 година со што минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува 10.080 денари. Од март 2014 година, минималната плата се покачи од сегашните 8.050 денари на 8.800 денари месечно, од март 2015 минималната плата изнесува 9.590 денари, а од март 2016 година ќе биде 10.080 денари. Работодавачите се обврзани да ја зголемат минималната плата, за што ќе следат контроли, бидејќи владата е цврсто посветена овој закон да се применува целосно.

Во кожарската и текстилната индустрија се предвидува до 2016 година минималната плата да изнесува 9.000 денари и за нив ќе има уште две години приспособување така што во 2018 година овие дејности ќе се изедначат со другите плати.

Овие два параметри се показатели дека квалитетот на живот се подобрува, се отвараат нови работни места, се влијае врз зголемување на платите кај постојните. Овие трендови ќе продолжат и во иднина, а значајно намалување на невработеноста се очекува во блиска иднина.

Синдикатите се задоволни од сетот мерки затоа што со нив ќе се подобри економско-социјалната положба на работниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top