| четврток, 6 декември 2018 |

Транспортот на емигрантите се одвива без проблеми

Migrants pass through a new refugee camp that's in construction and will serve for accepting , registration and transporting them to Serbian border

Транспортот на емигрантите од јужната кон северната граница во текот на изминатава ноќ и утрово се одвива без проблеми и организирано од страна на сите фактори вклучени во соочувањето со бегалската криза.

Состојбата на границата е нормална и под целосна контрола на специјалните полициски сили и единиците на АРМ. Грчките полицајци, пак, пропуштаат периодично во Македонија да влегуваат помали групи од по стотина мигранти.

Според процените на УНХЦР и Црвениот крст вчера од Гевгелија кон Табановце заминале повторно околу 3.000 мигранти, а таа бројка се очекува да биде постигната и денеска.

Од железничка станица информираа дека утрово со вонреднио воз што тргна од платформата кај прифатниот камп кон Табановце се упатиле 700, а со редовниот воз заминале уште 500 емигранти. Другите што чекаат да бидат евидентирани во прифатниот камп во Гевгелија во текот на денот кон Табановце ќе се превезуваат со автобуси и такси-возила.

Општина Гевгелија вчера донираше 1.500 пакети со вода и исто толку пакети со кроасани ,кои беа прифатени од претставниците на УНХЦР и од Црвениот крст, кои им ги поделија на емигрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top