| четврток, 6 декември 2018 |

Монструмот преку манифест ги опишал причините за убиството на новинарите

novinariУбиецот на новинарката и на снимателот во Вирџинија, САД, своевремено работел во истата телевизиска куќа под името Брајс Вилиамс, но бил отпуштен под нејасни околности.

Vester_L__Flanagan_3420272b

Вестер Фланаган (41), како што е вистинското име на Вилијамс, два часа по пукотницата испратил манифест до телевизиската станица „Еј-Би-Си њуз“ во кој на 23 страници го опишал причините за стравичниот чин. Во него тврди дека како хомосексуалец и Афроамериканец бил жртва на расно и на сексуално малтретирање на работното место.

Воспитуван како Јеховин сведок, порачал дека на злосторство го натерал Јехова. Објаснува дека мотивот за злосторството лежи во пукотницата во Чарлстон каде што во црква беа убиени девет Афроамериканци. Уште тогаш набавил пиштол.

Реагирала и Белата куќа, која апелирала до Конгресот под итна постапка да донесе закон со кој се ограничува поседувањето и користењето оружје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top