| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се физичките знаци за привлечност

вљубени
Кога ќе го прашате некого што гледа во својот партнер или зошто токму таа личноста ја одбрале, тешко дека би можел да ви објасни со неколку зборови зошто личностa со која што е, е онаа вистинската. Но, нашето тело од друга страна веднаш знае, а тие знаци можете веднаш да ги препознаете.

Според антропологот Хелен Фишер, телото е еден вид совршена машина која детектира потенцијален партнер и тоа веднаш ви го сугерира, а вие само треба да ги препознае знаците.

Па тогаш, кои се тие знаци?

Чукање на срцето

Знаете како во цртаните на некој од ликовите кога е заљубен срцето му излегува од градите? Срцебиењето е всушност одличен показател дека некој ви се допаѓа. Пулсот се засилува кога ќе видите некој што ве привлекува.

Потење

Кога сте во контакт со некој што ви се допаѓа, односно ви предизвикува силно срцебиење, можеби е добра идеја да го избегнете ракувањето. Испотените дланки се класична реакција кога чувствувате привлечност кон некого. Истиот хемиски процес кој влијае на нашиот пулс, го поттикнува и потењето.

Дури мажите почесто се потат од жените. Тоа е така затоа што кај нив она што го гледаат врши голема стимулација.

Очи

Очите можат да ве издадат, буквално. Нашите зеници се еден од најактивните учесници при детектирањето на некој што ни се допаѓа. Штом се појави привлечност, тие се шират. Тоа е така затоа што кога ќе видиме некој лик што ни се допаѓа, мозокот испушта допамин што предизвикува ширење на зениците.

Исто однесување

Како ќе знаете дека еден состанок минал одлично? Само набљудувајте го своето и туѓото однесување, ако успеете да се фокусирате на тоа во тој момент. Луѓето кои се привлекуваат еден со друг, многу често си ги копираат движењата. Така при обичен разговор на маса, кога едниот ќе се потпре на масата и другиот може да го следи неговото движење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top