Вдовицата на Дино Дворник, Даниејла(48) изгледа подобро од било кога порано, а сега сака да им помогне и на другите на кои им треба поттик за слабеење.
Таа планира да отвори Инстаграм профил на кој ќе става фотографии од своите оброци и вежби со оглед на тоа дека планира да намали уште килограми.
-Се што сакам е да им дадам мотивација, бидејќи знам дека е трнлив патот до конечната одлука.Физичката активност и промената на исхраната навистина има големо влијание на мозокот и севкупното чувство што резултира со поинаков изглед- рекла Данијела.
Таа неколупати има правено липосукции, но секогаш се враќала на старите навики и вишокот килограми. Заради тоа почнала да вежба и го сменила начинот на исхрана по што ослабнала и изгледа подобро од порано.
-Не можеме да влијаеме врз годините и гравитацијата кои го прават своето, но она што можеме да влијаеме е тоа малку да го одложиме- рекла Данијела. Додала дека е многу подобро откако е активна, а тоа го препорачува и на другите.
-Нем0јте да ги жалите своите сили, они се како вода која се затворила во себе и станала бара.Еднаш кога повторно ќе проциркулира во текот на животот, ќе почнат да се случуваат големи работи. Раздвижете се- вели госпоѓата Дворник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.