Изминатите години, како што рече, преку полската култура и присуството на полските уметници имавме можност да проследиме извонредни концерти во Македонија. Потсети на концертот на Пендерецки на „Охридско лето“, додаде дека Македонската филхармонија соработува со полски уметници, а уметници од Полска учествуваат и на Струшките вечери на поезијата.
– На денешната средба ја констатиравме добрата институционална соработка во областа на културата. МНТ соработува со еден од најзначајните театри во Полска. Темата на претствата е егзодусот на македонските деца. Ќе бидат вклучени 15-тина актери од Македонија и исто толку од полскиот театар, рече Канческа-Милевска.
Министерката за култура информира за истражувањето кај локалитетот Градиште кај Неготино. Станува збор за заеднички, меѓународен проект на Археолошкиот музеј, Институтот од Полска и Институтот од Валенсија. Додаде дека имаат поддржано неколку издавачки куќи од Полска кои преведуваат македонски дела на полски јазик, како делата на Гоце Смилевски, Лафазановски…
– Македонија е многу важен партнер во културата за Полска. Реализираме проекти во сите области на културата. Денешниот договор е само основа која треба да се исполни со уметници и режисери кои во иднина ќе ги реализират проектите, рече Омилановска.
Таа денеска на директорката на Музејот на современа уметност во Скопје, Елиза Шулевска ќе и врачи одликување за заслуги за полската култура.
Омилановска ќе ја посети постојаната поставка и делата од најзначајните полски автори, што во чест на делегацијата ќе бидат изложени во фоајето на Музејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент