| четврток, 6 декември 2018 |

Мијжниекс: Милитаризацијата на границите е погрешен одговор на миграцијата

бегал

Комесарот за човекови права во Советот за Европа (СЕ), Нилс Мијжниекс денеска упати критики кон Бугарија и Унгарија за нивниот однос кон мигрантите.

Тој ги критикува властите во Софија и во Будимпешта за нивните планови за распоредување на војска на границите, со цел да спречат влегување на мигранти.

– Плановите за употреба на армијата за спречување на кандидатите за азил во Бугарија и Унгарија се неразумни. Милитаризацијата на границите е погрешен одговор на миграцијата. Крајно неопходно е да се преземе европски одговор, кој ќе обезбеди пристап до азил и хумани услови за прием, напиша Мујжниекс на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top