| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ со Црна Гора го потпишаа разграничувањето

bosna-crna-gora--620x350Шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Рашко Коњевиќ денеска во Виена потпишаа договор за разграничување. На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и претседавачот со претседателството на БИХ, Драган Човиќ, како и претседателот на Австрија Хајнц Фишер. До документот практично се решава прашањето на меѓудржавните граници на БиХ и на Црна Гора.

– Договорот испраќа посебна порака бидејќи БиХ има нерешени прашања за границата со Хрватска и со Србија. Испраќаме порака дека сами треба да ги решаваме проблемите со границата. Пред сè мораме да ги отстраниме проблемите во комуникацијата – истакна Човиќ.

Црногорскиот претседател Вујановиќ изрази задоволство од постигнатиот договор.

– Без меѓународно посредување, со добра волја, добрососедски односи и пријателски однос меѓу двете земји договоривме договор кој го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ и на Црна Гора, а ја дефинира и соработката меѓу земјите – посочи Вујановиќ.

Претседателот на Австрија наведе дека потпишувањето на Договорот покажува оти „проблемите можат да се решат на мирен начин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top