Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) денеска на прес-конференција ги повика своите осигуреници на што порана возраст да го искористат правото на биомедицински потпомогнато оплодување и да не ја одложуваат постапката бидејќи евидентен е успехот на забременување кај осигуреничките под 35 години, додека над таа возраст шансата за успешност прогресивно опаѓа.
Процентот на докажана бременост по ин витро постапка во 2011 година изнесува 38,7 отсто, во 2012 – 41,3 процент, во 2013-50,5 проценти во 2014 – 54,5 проценти, а до крајот на јули 2015 изнесува 53,5 проценти, информираше директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски.
– Од овој тренд произлегува дека здравствените установи со кои ФЗОМ има склучено договор за ин витро се високо специјализирани и со висок процент на успех – рече Стефаноски додавајќи дека надоместот што го покрива ФЗОМ е стимулативен и осигурениците побрзо се решаваат за ин витро.
Во однос на финансиските средства, за 2013 гопдина ФЗОМ исплатил 76,9 милиони денари, за 2014 година (за прво и за второ дете вкупно) 89 милиони денари, а до 31 јули 2015 година (за прво и за второ дете вкупно) 59 милиони денари.
Во последните две и пол години се поднесени 3.001 барање за ин витро од кои 2.795, односно 93 проценти се позитивно решени.
Од април 2015 година почна и електронското поднесување барање преку матичните гинеколози.
Голем удел за намалување на дополнителните медицински испитувања има воведувањето на електронските барања од страна на матичниот гинеколог, кои се 50 проценти од новоподнесените барања по воведување на оваа можност во април оваа година.
За ин витро за второ дете, право што може да се оствари од 2014 година, до Фондот има поднесено 180, а позитивно е решено за 145. Во првите седум месеци во 2015 година од 103 барања позитивно има одлучено за 91.
– Забележителен е трендот на зголемување во оваа година. Но сметаме дека овој број сè уште е мал затоа што се гледа огромна разлика во однос на барањата за ин витро за прво дете. Сакаме да ги поттикнеме двојките, кои се заинтересирани да аплицираат за ин витро за второ дете што побрзо да го направат тоа, а Фондот и службите се секогаш достапни за било какви дилеми – рече директорот Стефаноски.
Како што соопшти Орхан Рамадани, еден од директорите на ФЗОМ, постојано се прават контроли во болниците со кои се склучени договорите и досега не се забележани одредени злоупотреби.
Постапката за ин витро како право за првпат е овмозможена на товра на ФЗОМ во 2008 година, а до 2010 година, осигурениците по одобрување од Фондот добиваат ваучер. Двојките имаа право на три обиди за прво и на три обиди за второ дете. Цената на интервенцијата изнесува 80.000 денари, а пациентот патиципира само со 6.000 денари.
Здравствените установи кои вршат БПО услуги, а кои имаат склучено договор со Фондот во 2015 година се: „Плодност“ од Битола, „Д-р Оргаџински„ од Штип, „Ре-медика“ од Скопје, „Ултрамедика“ од Скопје, „Моја болница“ од Скопје која е во фаза на пререгистрација и менување на сопственоста, „Аџибадем Систина“ од Скопје, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, „Гинеко медика“ од Скопје и „Инанна систем“ (Њуборн клиник) од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст