Вчера витези и принцези го окупираа Скопје. Сè почна во „Скопје сити мол“, кога вратите од поставениот замок се отворија и приказната започна.
Во улоги на дами, принцези, витези и принцови беа најмалите, кои облечени во специјални костими од средновековниот период се бореа за чест, трон и титула. Многу насмевки, возбуда, среќа и адреналин можеа да се забележат кај децата, кои повеќе од се’ беа импресионирани од приказната и игрите од средновековниот период.
„Детско кралство“ е меѓународна интерактивна изложба за деца од 6 до 11 години и претставува симулација на животниот стил во средниот век. Исто како и во книгите, децата од вчера веќе имаа можност да го доживеат светот на храбрите витези, да пропатуваат назад во времето, да учествуваат во херојски битки. Главен дел од оваа атракција е средновековниот замок, катапулт, змеј, знамиња, штитови и оружје преку интерактивни детски игри и турнири.
„Скопје сити мол“ ги повикува сите деца и родители, да го посетат трговскиот од денес, па до 15 септември, да доживеат едно комплетно ново искуство со повеќе забава и многу возбуда како никогаш досега.
„Скопје сити мол“, сè што сакам од игра, забава и едукација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст