Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за „Си-Ен-Ен“ зборуваше за состојбата со емигрантите и како Република Македонија се соочува со овој проблем.
Тој истакна дека порано доаѓаа по 500 емигранти на ден од Грција, а бројот драматично се зголеми во изминатите неколку дена и достигна бројка од 4.000 луѓе во еден ден.
-Моментно е невозможно да излеземе на крај со таков притисок доколку сакаме да одржиме контрола и да продолжиме со регистрација на емигрантите – изјави тој за „Си-Ен-Ен“.
На прашање од новинарката околу критиките од страна на дел од организациите за човекови права, според кои грубо се реагирало кон емигрантите, тој одговори дека Македонија со огромен труд се обидува да излезе на крај со емигрантите на најхуман можен начин.
-Ние сме земјата што, веројатно, прими најголем број емигранти од Втората светска војна. Но имавме ситуација кога во рок од 48 часа илјадници луѓе беа испраќани од грчките острови кон Македонија. Ние имавме многу ограничени опции – рече тој.
Според Амнести интернешнел, како што истакна репортерката на „Си-Ен-Ен“, Македонија кон лицата кои ја преминуваат границата се однесувала како кон протестанти, а не како кон емигранти, со употреба на солзавец и со нивно туркање со воена опрема.
Премиерот за ова истакна дека во никој случај Македонија не сака така да се соочува со ситуацијата, а за излезе на крај со неа без инциденти потребна е помош од Европа.
– Ова е единствената граница каде што емигрантите од територија на ЕУ преминуваат во територија што не е дел од ЕУ. Контролата од другата страна требаше да биде засилена и немаше да се соочиме со ваква ситуација – истакна Попоски.
Целосното интервју со министерот за надворешни работи за „Си-Ен-Ен“ можете да го погледнете на следното видео што се наоѓа ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст