| четврток, 6 декември 2018 |

Прогнози за претстојната зима: Американците ќе смрзнуваат, Балканците ќе молат за снег

pocinat-stud500
Американските метеоролози и стручњаци за климатските промени најавија големо влијание на бранот Ел Нињо на пошироко подрачје на планетата, додека балканските метеоролози тврдат дека ќе се почувствуваат само индиректни последици.

Според американците, Ел Нињо ќе биде многу поопасен од тој во 1997 година, кога над 23 илјади лица загинаа и беше предизвикана материјална штета од 45 милијарди.

Ел Нињо е голема природна непогода предизвикана од климатските промени и прекумерното затоплување на морињата и на океаните особено на подрачјето на источен Пацифик.

cikago ladno

На европски терен, најблиска земја до Балканот што може директно да биде погодена е Велика Британија, каде што се очекува изразито студена зима. На југоистокот на континентот, пак, според локалните метеоролози, Балканот зимскиот период ќе помине без сурова студ.

– Зимата ќе биде поубава и потопла од минатогодишната и проследена со дефицит од снежни врнежи – истакнуваат стручњаците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top