Колку и да се трудат, некои жени сепак не можат да се опуштат и да го достигнат „врвот”, а најчестите виновници за тоа се стресот и недостатокот од сексуална желба.
За да постигнете незаборавен оргазам, тогаш пробајте ги овие 5 трикови. Немате што да изгубите, туку можете само да добиете:
1. Црвено вино
Жените кои пијат една до две чаши црвено вино дневно, чувствуваат силна сексуална желба за разлика од оние кои пијат други алкохолни пијалаци. Ако не сакате да пиете секој ден, тогаш напијте се барем една чаша пред да имате секс со вашиот партнер.
2. Редовен секс
Дури и да не сте расположени за секс, сепак имајте. Хормоните окситоцин и ендрофин кои се ослободуваат во текот на односот ќе ви овозможат полесно да заспиете, а квалитетниот сон ќе ви овозможи да си ја одржите идеалната тежина.
3. Туширајте се подолго
Продолжете го туширањето за неколку минути и обидете се да го стимулирате клиторисот, а секако после тоа „фрлете” му се на вашиот партнер. Незаборавниот оргазам е загарантиран.
4. Секс во хотел
Кога ќе одите на одмор задолжително набавете си нов мирис, односно парфем кој ќе го користите додека сте таму. Сексот во хотел на одмор ќе ви пружи незаборавна сензуалност, а преку парфемот истата ќе си ја однесете и дома. Откако ќе се вратите, почекајте неколку недели, а потоа повторно намирисајте се со мирисот и уживајте во задоволството.
5. Масажа на целото тело
Пред да имате однос, замолете го партнерот да ве масира по целото тело. На тој начин, вашето тело ќе се опушти и ќе бидете релаксирани. Не заборавајте да користите есенцијално масло и миризливи стапчиња кои уште повеќе ќе ја разгорат атмосферата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст