| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколците во Шведска ќе учат „Дота“ и „Кантер страјк“

Три средни училишта во Шведска, од наредниот семестар ќе имаат часови посветени на електронскитеспортови, во чии рамки ќе можат да практикуваат и учат игри како Дота и Кантер страјк, (Dota&Counter-strike).

Овој предмет ќе биде опфатен и во наставниот план, а за него, во улога предавачи ќе се најдат и многу познати имиња/ѕвезди од оваа област.
Учениците ќе учат за развојот на игрите и за нивното појавување, а најталентираните ќе учествуваат на турнири за играње видео игри.
Магнус Алехед, директор на училиштето во Карлстад, (еден од трите града каде овој предмет влегува во наставната програма), изјави дека една од целите на ваквата одлука е да се отстрани стигмата со која се гледа на видео игрите.
„Постоеја негативни реакции низ кои луѓето се прашува зошто на училиште би се играле видео игри, но, на ваков начин сакаме да го разбиеме митот дека тоа ќе биде лоша работа и да покажеме повеќе почит кон децата кои што ги сакаат видео игрите“, изјавил Алехед.

Професионалната eSport сцена во последниве години бележи огромен раст, со милиони фанови кои ги следат турнирите кои имаат огромни фондови.
„Образовниот систем мора да се подобри. Потребно е подобро образование за децата кога се работи за современите општествени трендови и ова е добра можност за тоа“, изјавил Ибрахим Калифа, директор на Одборот за образование и вработување во општината Сигтун во Стокхолм.
Предметот за видео игрите во училиштата ќе биде задолжителен и ќе се одржува во посебни училници во кои учениците ќе играат и учат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top