| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија ќе ја активира војската за соочување со емигрантите

Hungarian police positioned nearby watch as Syrian migrants climb under a fence to enter Hungary at the Hungarian-Serbian border near RoszkeУнгарската Влада разгледува можност да ја употреби армијата за подобрување на безбедноста на јужната граница на државата каде што илјадници емигранти се обидуваат да влезат од Србија на територијата на Европската унија.

Владиниот портпарол Золтан Ковач изјави дека за прашањето за распоредување армиски единици на границата било расправано на седница на Кабинетот и советот за национална безбедност.

Одлука за тоа може да донесе парламентот, кој следната седница почнува со работа по едномесечниот одмор.

Над две илјади лица влегоа во Унгарија преку границата со Србија во почетокот на неделата. Претходно властите беа принудени да почнат изградба на ѕид висок четири метри кон Србија за да запрат емиграциски бран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top