| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага: Потпишаните договори се миг на засилување на уставниот поредок

Atifete Jahjaga
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага ги поздрави четирите потпишани договори синоќа во Брисел, во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија, какао „значаен миг за засилување на нашиот уставен поредок и нормализирање на односите меѓу двете земји“.

На нејзиниот профил на „Фејсбук“ таа напиша и дека имала телефонски разговор со премиерот Иса Мустафа, кој ја предводел косовската делегација, при тоа нагласувајќи дека постигнатите договори го засилуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово и аспирациите да биде стабилна и просперитетна држава.

Тоа во истовреме, според Јахјага ќе помогне во интеграцијата на српската заедница во инситуционалниот и општествениот живот во земјата, во согласност со Уставот и законите.

Таа оценува дека потпишаниот пакет-договори ја потвдува решеноста и сериозноста на Република Косово во дијалогот.

Според шефот на дипломаријата и вицепремиер Хашим Тачи со постигнатите договори Косово инвестирало во европската иднина на децата.

-Ова е една инвестиција за иднината на нашите деца. Економскиот и политички бенефит е јасен, додека сега очекуваме забразни чекори во потпишувањето на Спогодбата за асоцијализаја и за стабилизација, интеграцијата во НАТО, визна либерализација, членство во УНЕСКО, Ентерпол и Советот на Европа. Ова во превод значи стабилност и економски инвестиции. Репуликата е зацврстена – напиша Тачи на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top