| четврток, 6 декември 2018 |

Топол продолжен викенд, идеален за патување

dete_pokraj_more
Викендов ќе имаме сончево време, без изразен ветер, а и температурата ќе биде релативно висока.
Според Метеопро максималната температура во трите дена од викендот ќе има вредност од 36 Целзиусови степени до 38 во повардарскиот регион, како и во околината на Дојран, 31 степен во охридско – преспанскиот крај и 33 степени во Пелагониската Котлина.
Оваа ситуација се очекува и на целото крајбрежје на Балканскиот Полуостров, така што каде и да планирате да го поминете овој викенд, нема да згрешите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top