Сузана Тунева – Пауновска и доц.д-р Буниамин Мемеди се годинашните добитници на наградата „Мајка Тереза“, која денеска свечено ќе им биде доделена од страна на одборот за доделување на државната награда.
Државната награда „Мајка Тереза“ се доделува за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.